По елиминацијата од ЛШ на Мешков, Вајлупов стана тренер

Репрезентативецот на Белорусија, Никита Вајлупов, кој од следната сезона ќе игра во Веспрем, ја започна својата тренерска кариера, така што неговото професионално CV ќе биде збогатено и со професијата како тренер.

Десното крило на Мешков Брест по неколку тренинзи, доби шанса да го предводи женскиот клуб, Викториа Берестие, во првенствен натпревар против Гомел.

Интересно е тоа што во женскиот клуб од Брест настапува неговата девојка, Ана Бардијан, која професионално се занимава со ракомет.

Вајлупов на неговиот деби настап како тренер доживеа пораз од Гомел, со резултат од 29:26, но репрезентативецот на Белорусија може да биде задоволен бидејќи покажа голема тактика против фаворитот за освојување на титулата.

„Во Белорусија, можно е да се добијат лиценци од категориите „А“ и „Б“. Јас изразив желба и реков дека во иднина сакам да се обидам како тренер. Тоа е како некоја дополнителна опција. Во иднина би сакал да посетувам курсеви за Мастер Коуч лиценца“, изјави Вајлупов.