Македонија ќе патува со одлична залиха на реваншот против Романија во битката за втор бараж за Мундијалот во 2023 година.
Момците на Кире Лазаров славеа со 30-22 во натпревар во кој противниците беа нокаутирани, особено во вториот дел, кога успеаја да постигнат само осум гола.
Публиката што ја исполни „Борис Трајковски“ добива највисока можна оценка за поддршката во текот на целиот меч, а се виде дека на македонските љубители на ракометот им фалеа вакви натпревари за време на пандемијата.