Репрезентацијата на Македонија славеше во првиот бараж дуел против Романија со 30:22 и на возвратниот дуел ќе патува одлична предност.
Филип Миркуловски беше особено задоволен од атмосферата и истакна дека навивачите биле многу важни за овој триумф.
„Навистина беше прекрасно после долго да се игра во ваква атмосфера, овој резултат немаше да го оствариме доколку немавме полна сала денеска. Со извонредни петнаесетина минути на крајот победивме со осум гола. Сепак треба да бидеме претпазливи, така беше и во 2018 година, победивме со осум-девет гола но таму имавме проблеми. Овој резултат е добар но на реваншот треба да одиграме како да е нерешено“, рече Миркуловски после натпреварот.
Реванш дуелот помеѓу Македонија и Романија ќе се игра во сабота во Букурешт.