Репрезентацијата на Македонија ја доби посакуваната поддршка и билетите кои беа пуштени во продажба се распродадени на нешто повеќе од два часа до почетокот на мечот.
Ова ќе биде првпат после скоро две години македонските ракометари да играат пред публика и тоа пред скоро полни трибини, колку што дозволува капацитетот.
Поддршка репрезентативците побараа и во вчерашните последни изјави пред овој важен бараж за Светското првенство и очигледно тие повици допреа до македонската публика па Романците ги очекува жешка атмосфера.
Ќе потсетиме реваншот се игра за два дена во Букурешт, а ние се надеваме дека денес ќе обезбедиме добра предност. Натпреварот започнува во 19:00 часот.