Русите со писмо до ИХФ и ЕХФ: Покажете мудрост и независност, дозволете да учествуваме на натпревари

Играчите на младинските селекции на Русија со отворено писмо се обратија до претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа, како и до првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер.

Младите претставници на ракометна Русија се огорчени од санкциите на ЕХФ и ИХФ врз нивната земја на спортски план. Во писмото истакнуваат дека во спортот не треба да има место за политиката.

„Не разбираме зошто ни беше одземена можноста да ја работиме нашата животна работа и зошто бевме отстранети од меѓународните натпревари за кои сонувавме и за кои сериозно се подготвувавме. Отсекогаш сме верувале дека вистинскиот спорт на сите им дава еднакви можности и останува надвор од политиката. Ние, обичните момци и девојки, посветени на ракометот како и нашите врсници од друга земја (Белорусија), бевме отфрлени без објаснување. Тоа се множи со основните принципи на спортот по кои отсекогаш сме биле водени. Се почесто се слушаат гласовите на луѓе од други земји кои не прифаќаат отстранување на руските спортисти од меѓународните натпревари. Членот на Советот за спорт на Норвешка, највисокото спортско тело во земјата, Ојвинд Ватердал, во знак на протест против спортските санкции против Русите и Белорусите, ја напушти својата функција. Ве молиме, Хасан Мустафа и Михаел Видерер, да покажете мудрост и независност во донесувањето одлуки и да дозволите руските тимови и клубови да учествуваат на меѓународни натпревари. Во спротивно, ќе бидеме лишени од целосната можност да ја работиме работата за која бевме спремни да го посветиме целиот живот. Се надеваме на разум, правда и триумф на спортскиот дух“, се вели во писмото кое беше испратено до претседателите на ИХФ и ЕХФ.

Потписници на писмото беа капитените на сите младински репрезентации на Русија од машка и женска конкуренција. За потсетување, Русија во јуни, 2023 година, требаше да биде организатор на младинското ЕП во ракомет на плажа, но ЕХФ одлучи да и го одземи домаќинството поради случувањата во Украина.

ЕХФ ги суспендираше клубовите и репрезентациите од Русија и Белорусија!

ИХФ го следи потегот на ЕХФ – суспензија за Русија и Белорусија!