Ракометарките на Овче Поле СУ имаа лесна задача во 5. коло од плеј-аут конкуренцијата од Женската лига и на домашен терен рутински ја совладаа екипата на Феникс со 38:29.
Поголемиот дел од првото полувреме се играче израмнето, но во финишот на првите 30 минути Овче Поле СУ ја презема контролата и успеа да обезбеди одлична предност пред продолжението. На полувреме домашниот тим водеше 17:10.
Оваа предност се покажа сосема доволна за конечен триумф. Феникс на овој натпревар настапи со девет ракометарки и немаше сили за поголем отпор. Во вториот дел Овче Поле СУ сигурно одигра за конечен триумф и втора победа во плеј-аутот.
Најефикасна со десет гола во тимот на Овче Поле СУ беше Елена Вучевска, осум постигна Анасатасија Сентовска, а шест Стефанија Павловска. За Астибо, Емилијана Ризоска беше прв стрелец со 14 гола, а осум постигна Сандра Корлевска.