Јосип Периќ, ракометарот на Еурофарм Пелистер ја одбележа вечерта во изборот на најуспешните битолски спортисти, добивајќи ја највредната награда – спортист на Битола за 2021 година. Градот по 57. пат го организираше изборот за најуспешни спортисти во организација на Сојузот на спортови во Битола. Покрај Периќ во изборот доминираше ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.
За спортист на годината за 2021 година во Битола е избран капитенот на Еурофарм Пелистер Јосип Периќ. Во Топ-10 најдобри спортисти место доби и младиот Павле Атанасијевиќ кој заврши како четврти.
Периќ лани беше најважниот играч на Е.Пелистер во освојувањето на Суперкупот на Македонија, а беше и прогласен и за МВП во СЕХА лигата.
За екипа на годината беше избрана првата екипа на Еурофарм Пелистер. Во 2021 година Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија и играше во групната фаза од Лигата на Европа, додека оваа година битолскиот состав отиде и чекор подалеку поминувајќи ја групата како второпласирана екипа зад француски Ним.
Вториот тим на Еурофарм Пелистер 2 заврши како второпалсиран во изборот на најдобра младинска екипа.