ИХФ продолжува да ги објавува номинациите за најдобри во изминатата 2021 година.
Откако претходно се објавија номинациите за ракометар, ракометарка и тренер на годината во машки тим, сега на ред дојде и претставувањето на кандидатите кои ќе се борат за признанието тренер на годината во женска конкуренција.
Петмината кои ќе се борат за оваа награда се: Оле Густав Ѓексад од Вајперс Кристиансан, селекторот на Норвешка Торир Хергеирсон, селекторот на Данска и предводник на Есбјерг Јеспер Јенсен, селекторот на Франција Оливие Крумбоиц и тренерот на Ѓер Амброс Мартин.
Гласањето ќе стартува од понеделник (7. март) и ќе биде отворено до 28. март кога ИХФ ќе го објави победникот.