Ракометарката од Македонија, Марија Штериова, заедно со нејзината екипа, Глорија Бузау, направија изненадување во рамки од 15. коло од романскиот шампионат откако на свој терен триумфираа против актуелниот лидер на табелата, Рапид Букурешт, со резултат 30:25.
Штериова имаше забележителна партија против моќниот тим од Букурешт. Со три постигнати погодоци од пет обиди и неколку асистенции, Штериова беше меѓу најефикасните во победничката екипа.
Три погодоци постигна и втората поранешна ракометарка на Вардар во редовите на Глорија Бузау, Марија Петровиќ.
Глорија Бузау со новите освоени бодови останува во игра за второто место кое што води во Лигата на Шампионите.
Ракометарките на Глорија Бузау имаат 31 бод на табелата, исто толку бодови има и третопласираната екипа, Валчеа, додека екипата на ЧСМ Букурешт се позиционираше на второто место со 35 бодови.
Екипата на Глорија Бузау во следното коло гостува кај директниот ривал за второто место, Валчеа.