Репрезентацијата на Летонија не успеа да обезбеди пласман во баражот за СП 2023 година откако на кавалификацискиот турнир кој се играше на Фарските острови заврши на четврто место во групата.
Како што пренесуваат летонските медиуми селекторот Сандрис Вершаковс најави дека поднесува оставка од селектоската позиција, а тој ги наведе и причините за ваквата одклука.
„Решив да се повлечам без притисок од федерацијата. Причините секако ги има неколку, но главната е настапот на Фарските Острови каде тимот не успеа да обезбеди пласман во следната рунда, односно баражот за СП 2023. Како тренер, не можев да ја најдам хемијата на тимот, не можев да го најдам клучот и победничката формула. На тимот му треба рестартирање. Ни треба селектор кој ќе направи промени и ќе им даде нова мотивација на играчите“, изјави Вершаковс.
Вершаковс ја предводеше селекцијата на Летонија од 2020 година.