Македонскиот шампион Kуманово за продолжението од сезоната во Женската лига ангажираше интернационално засилување.
Станува збор за бразилската интернационалка Андреза Коста Алмеида, која игра има 23 години и настапува на средната бековска позиција.
Ова ќе биде прво меѓународно искуство за Алмеида, која досега беше дел само од бразилскиот тим Каскавел.
Не само што е одличен асистент, Бразилката е и одличен стрелец. Во првиот дел од сезоната во бразилскиот шампионат, Алмеида беше втор стрелец со 57 постигнати погодоци.
Куманово во првото коло од плеј-офот во Женската лига ќе се соочи со Металург в недела од 18:00 часот.