Женската репрезентација на Норвешка го освои златото на Мундијалот во Шпанија, откако ја победи Франција со убедливи 29-22.
Ветената премија од федерација за златните Норвежанки е по 13.000 евра за секоја од нив и за сите членови на стручниот штаб.
Со златниот медал од СП, Норвешка сега се изедначи со Русија по бројот на злата од Мундијалите – вкупно 4, но ќе остане апсолутен рекордер по бројот на медали – вкупно 11 на СП. На ЕП, Норвежанките исто така се рекордерки со 12 освоени одличја.
Кралот на Норвешка упати честитка за златото.
„Ви ги испраќам искрените честитки за освојувањето на златниот медал и за триумфот на Мундијалот по одличното второ полувреме против Франција“, напиша Кралот Харалд.
Норвежанките исто така добија честитка и од премиерот Јонас Стур, а низата на медали од големите натпреварувања може да ја продолжат и на ЕП во Македонија, Словенија и Црна Гора.