Ракометарите на Вардар Неготино продолжуваат со одличните игри во Првата лига и во 13. коло славеа на гостувањето во Велес кај Борец со 33:25 и ја преземаа лидерската позиција.
Неготинци имаа предност во текот на сите 60 минути, поведоа со 3:0, а во продолжение Борец успеа да се доближи само на минус еден. До крај на првиот дел без поголеми проблеми гостите обезбедија високо водство од 17:10.
Во продолжението Вардар Неготино рутински го одработе вториот дел за важна победа во борбата за првото место во групата А од Првата лига.
Најзаслужни за победата на Вардар Неготино беа Ѓорги Ташев со осум гола и Драган Кузманов со седум погодоци. Во составот на Борец се истакна Лазар Стојанов кој постигна осум гола.