Хрватските репрезентативки по разочарувачкиот пласман на Мундијалот во Шпанија, се вратија во татковината.
По поразот од Бразил во првото коло, три ракометарки беа позитивни на коронавирус, и оттогаш се тргна низ брдо за избраничките на Ненад Шоштариќ.
Ивана Дежиќ излезе од изолација уште додека траеше првенството, а Ќамила Мичијевиќ по две недели изолација и негативен тест, се врати заедно со националниот тим во Хрватска.
Третата ракометарка што има(ше) корона, Дора Крсник, се уште е позитивна и остана сама во хотел во Кастелон, до добивањето на негативен тест, па ќе може да им се врати на клупските обврски.