Ракометарките на Куманово имаа лесна задача во 12. коло од Женската лига и на домашен терен без многу напор ја совладаа екипата на Гевгелија со 29:23 која настапи со само девет ракометарки во ростерот.
Куманово беше фаворит на овој натпревар и во целост ја оправда улогата. После воведните 3:3, домашните ракометартки поведоа со 6:4 а потоа и 10:7. До крајот на првиот дел Гевгелија имаше голем пад во играта и на полувреме имаше негатива од 17:8.
Победикот веќе беше познат уште после првите 30 минути. Во продолжението Кумановки играа колку што беше потребно да ја сочуваат предноста и да стигнат до нови бодови.
Во составот на Куманово најефикасна беше Сара Цветановска со шест гола, пет постигна Јована Кипријановска, а по четири пати погодија Амела Џакмиќ и Пена Граматова. Во составот на Гевгелија се истакна Митрова Драгица со седум гола, додека Бети Петковска постигна четири гола.