Судиите Методија и Михајло Илиевски од Битола денеска го имаат главниот натпревар на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во кадетска конкуренција кој се игра во Белград. Тие ќе ја судат средбата меѓу Србија и Исланд, а победникот од овој дуел ќе обезбеди место во А зоната и за кадетки и за младинки.
Кадетскиот турнир се играше во Група во која беа и селекциите на Словенија и Словачка.
За близнаците Илиевски ова е третиот натпревар на овие квалификации бидејќи тие секој ден од натпреварувањето имаа по една средба. Почнаа со дуелот меѓу Словенија и Исланд, а го судеа и натпреварот Исланд-Словачка. Со оглед на тоа што и Исланд и Србија имаат по две победи овој дуел ќе биде како финале бидејќи победникот оди на Европското првенство каде што Македонија си обезбеди место уште летото кога беше прва на ЕХФ шампионатот во Грузија.
Инаку, ова е втор посилен турнир за Илиевски кои летово дебитираа на натпреварувањата под капата на ЕХФ. Тие судеа на ЕХФ шампионатот за кадети во Скопје и ова е само доказ за добрата арбитража и секако шанса за натамошно напредување и добивање на уште поквалитетни натпревари.