Куманово рутински до нови бодови – Со триумф и против Пелистер

Екипата на Куманово продолжува максимално и без грешка во Супер женската лига и на гостувањето во Битола кај Пелистер славеше сигурна победа од 29:22 во 9. коло.

Куманово во целост ја оправда фаворитската улога, а резултатот беше израмнет само на стартот. Потоа гостинките беа тие кои доминираа на теренот. Јована Кипријановска уште во 15. минута го заврши натпреварот откако доби црвен картон за еден груб старт.

На полувреме Куманово имаше предност од 15:11 и најави сигурна победа во продолжение. Пелистер немаше сили да се врати во натпреварот во продолжението и постојано беше во негатива. Кумановки одиграа рутински до крај за сигурна победа.

Најефикасна во победничкиот тим беше Сара Цветановска со девет гола, а Пена Граматова беше стрелец на пет погодоци. Во тимот на Пелистер се истакна Марија Јанкуловска со седум погодоци.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080