Шампион немоќен, Борец ги однесе бодовите

Дуелот на двете екипи од дното на табелата во групата А од Првата лига, Шампион и Борец во 8. коло, заврши со триумф на гостинската екипа од Велес со 22:30.

Голем дел од првото полувреме се играше израмнето без поголема предност ниту на една до екипите. Неколкупати го менуваа водството, но тоа беше само по еден гол позитива. Во завршните минути од првиот дел Борец обезбеди предност од 10:12 на полувреме.

Во продолжението на мечот гостинската екипа доминираше, дојде до израз кратката клупа на Шампион и домаќините немаа сили да издржат во ист ритам до крај на мечот. Борец постојано ја зголемувваше предноста и стигна до сигурна победа.

Најефикасни во тимот на Шампион беа Кристиајн Тодоровски со пет гола и Мирчески и Дебрешлиоски со по четири гола. Во победничкиот тим на Борец прв стрелец беше Кристијан Ристов со осум гола.