Ѓер не се шегува, уште сега најавува враќање на титулата „дома“

Ракометарките на Ѓер продолжуваат со сигурната игра и со победите во Лигата на шампионите, а новата победа дојде против тимот на Одензе со 31:26 со што веќе е јасно дека годинава се решени до крај да се борат за да ја вратат титулата „дома“ откако во минатата сезона ја загубија од Кристијансанд.

Мец е тимот што следи, но има натпревар помалку со оглед на тоа што дуелот против ЦСКА беше одложен.

Во другата група Ростов Дон засега покажува најмногу така што сосема извесно е дека ќе има уште многу надигрување во следниот период и сè уште има шанса за сите.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ГРУПА 1

ФТЦ РАИЛ КАРГО – ЕСБЈЕРГ      31:31 (16:16)

БУДУЌНОСТ – РОСТОВ ДОН      19:25 (10:14)

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЧСМ БУКУРЕШТ          22:25 (11:12)

БРЕСТ – ПОДРАВКА       35:22 (17:9)

ТАБЕЛА: 1. Ростов Дон 6 бода (100:90), 2. ФТЦ Раил Карго 6 (109:102); 3. Есбјерг 5 (111:98); 4. Борусија Дортмунд 5 (111:106); 5. Брест 4 (112:101); 6. ЧСМ Букурешт 4 (109:105); 7. Подравка 2 (109:126); 8. Будуќност 0 (90:123).

ГРУПА Б

ЦСКА МОСКВА – САВЕХОФ        29:28 (14:11)

КРИМ МЕРКАТОР – МЕЦ            28:29 (17:15)

ОДЕНЗЕ – ЃЕР    26:31 (11:16)

КРИСТИЈАНСАНД – КАСТАМОНУ            39:24 (20:11)

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 8 бода (129:103); 2. Мец 6 (79:67, -1 меч); 3. Кристијансанд 4 (120:108); 4. Одензе 4 (115:114); 5. ЦСКА Москва 4 (85:87, -1 меч); 6. Крим Меркатор 2 (106:112); 7. Савехоф 2 (113:128); 8. Кастамону 0 (100:128).