Еурофарм Пелистер 2 загуби, Дубочица ќе игра финале во Прилеп

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 претрпе пораз од 23:25 на натпреварот против Дубочица и утре ќе игра во натпреварот за 3. место против домаќинот на 6. Меморијален турнир „Миле Нешкоски“.

Натпреварот мина во неизвесен тек од самиот почеток. И двете екипи имаа свои моменти, но главно резултатот беше тесен и постојано разликата се движеше меѓу еден и два гола. Во прашање беа нијанси, па до последните моменти беше јасно дека ќе биде неизвесно и непознато кој ќе дојде до триумф.

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 не успеа во финишот да искористи неколку акции за да дојде до подобар резултат така што на крајот противникот успеа да се избори за победата. Голот постигнат во последниот напад за 25:23 беше клучот на овој дуел во кој имаше доста надигрување така што Дубочица успеа да се избори за натпревар за трофејот против Тиквеш.