Порто го пикира екс вардарецот – Шишкарев ќе му стане соиграч на Митревски?

Рускиот репрезентативец Данил Шишкарев би можел од следната сезона да го облече дресот на португалскиот шампион Порто.

Според RTHandball, Порто веќе испратил понуда кон некогашниот член на Вардар, а дали ќе се официјализира овој трансфер, останува да видиме.

Претходно Порто го продолжи договорот со десното крило Антонио Ареиа до 2025 година, но сигурно и играч како Шишкарев би му дошол добро на тренерот Андерсон за тешките мечеви во Лигата на шампионите.

По заминувањето од Вардар, Шишкарев една сезона беше дел од унгарскиот гигант Веспрем, но таму не добиваше преголема минутажа, а имаше и проблем со повреди.