Поранешен македонски селектор седнува на клупата на суперлигашoт Скопје

Новиот суперлигаш во машка конкуренција Скопје, за новата сезона, прва во елитното друштво влегува со амбиции да биде меѓу тимовите што ќе бидат во златната средина. Сериозноста на проектот се потврдува со ангажирање на поранешен македонски селектор кој ќе седне на клупата на Скопје. Во стручниот штаб ќе има повеќе имиња, а покрај сениори, клубот ќе работи и со млади категории и ќе има повеќе селекции.

После искуствата со екипите на Металург, Вардар, Куманово и со селекторувањето на женската репрезентација на Македонија, нов тренер на Скопје треба да биде Симе Симовски. Тој првата прозивка треба да ја има утре кога ќе бидат обелоденети и сите засилувања на тимот за претстојната сезона.

Скопје после една година постоење успеа да избори пласман во Супер лигата, освојувајќи го првото место во Прва лига. Тимот беше предводен од Андријана Будимир која ја предводеше генерацијата со која своевремено беше дел од Вардар. И во новата сезона Будимир ќе биде дел од стручниот штаб, но ќе биде задолжена и за други работи.

Екипата на Скопје своите натпревари ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“. Во стручниот штаб на клубот покрај Симе Симовски треба да биде и Ања Алтхаус. Таа имаше соработка со женската екипа на Спартак која лани заврши, а во меѓувреме почна да ги посетува модулите за добивање на тренерска лиценца во Македонија. На финалниот меч што решаваше за влез во Супер лигата против Шампион, н атрибините во Автокоманда беше и Алтхаус која навиваше за Скопје.

Следната сезона во машката Супер лига ќе има 12 екипи, а покрај регуларниот дел ќе се игра и плејоф и плејаут. Првите шест ќе разигруваат за титулата, а другите шест за опстанок. Директно ќе испадната три екипи, а четвртата ќе игра бараж со второпласираниот тим од Прва лига.