Дали би сакал да возам подобар автомобил или да имам поубава жена? – Секако!

Во текот на ова лето во тимот на Еурофарм Пелистер пристигнаа неколку нови ракометари, а тие биле ангажирани во договор на тренерот и раководството на тимот.

Тој го коментираше овој момент во интервјуто за 24Ракомет ТВ зборувајќи дека имаат одличен тим во согласност со буџетот кој го имаат.

„Доведовме квалитетни засилувања. Сè друго што ќе се случува во текот на сезоната, тоа никој не може знае. Мене ми е важно дека јас и клубот ја имаме контролата на доведување играчи, стратегијата и развојот на клубот. Тоа се покажа како добро. Само да се фокусираме на едно прашање е погрешно, и веќе не е ниту интересно. Имаме наш буџет и во рамки на тоа носевме засилувања. За тој буџет доведовме одлични играчи. Дали би сакал да возам подобар автомобил или да имам поубава жена, секако“, направи интересна споредба Бабиќ обидувајќи да го објасни моментот дали би сакал да има уште поголем буџет и уште поквалитетни ракометари.

Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение.

Бабиќ за 24Ракомет ТВ: Важно е да се презентираме добро во Европа – тоа носи играчи (ВИДЕО)