Близнаците Василевски не се повеќе дел од Пролет

Близнаците Александар и Филип Василевски не се повеќе дел од составот на Пролет. Левиот бек и кружниот напаѓач долго време го носеа дресот на овој тим и беа дел од историскиот успех, односно третото место во Суперлигата.

Двајцата нема да ја продолжат соработката со Пролет и наскоро ќе биде позната нивната нова средина.

Иако имаа понуди од повеќе суперлигашки клубови надвор од Скопје, сепак ќе останат во метрополата.

Освен браќата Василевски, од Пролет досега заминаа Кристијан Давитковски, Петар Ангелов и Никола Потиќ, а дојдоа голманот Андреј Петковски и десниот бек Ѓорѓе Голубовиќ.