Женската сениорска репрезентација доби нов предводник, Љубомир Савевски, но факт е дека неговото именување беше изненадување, со оглед на тоа дека името на Марјан Колев беше пласирано како најсериозен кандидат за таа позиција.
Колев има големо почитување кон Савевски, кој во минатото бил негов тренер не само на клупско ниво, туку и во националниот тим и појасни дека разговори со Ракометната федерација имало, но не и конкретна понуда.
„Моето име беше лансирано без да сум во некои преговори, од аспект дека има еден Македонец кој работи во моментов во странство, во Прва француска лига, кој може да се пофали со резултати и име, и има некоја логика во тоа. Факт е дека имаше некои мали разговори со РФМ, распрашувања, ако можам така да ги наречам, но без конкретна понуда за селекторската позиција. Федерацијата го направи својот избор, јас имам одлични односи со Љубомир Савевски и верувам во квалитетите на селекторите кои се избрани и со сигурност знам дека имаат добра намера во она што го прават и работат“, смета Марјан Колев.
Подолу прочитајте го интервјуто со Марјан Колев…