Најуспешниот македонски стратег во женски ракомет, Марјан Колев, чие име и се поврзуваше со селекторската позиција во А националниот тим, будно ги следи случувањата во репрезентација.
Дамите долго апстинираат од настап на големи натпреварувања и засега баражите како да ни се лимит, а тренерот смета дека она што најмалку може да се стори е девојките да понудат поатрактивен ракомет.
„Малку е неблагодарно да зборувам за тоа, немам доволно информации, и покрај тоа што ги следам случувањата во македонскиот женски ракомет, сепак сум надвор од тој процес. Девојките во националниот тим имаат квалитет и мислам дека недостасуваат редовно акции за да се направи нешто повеќе. Некогаш може и треба да ги прифатиме работите какви што се, ако нешто се повторува константно можеби станува збор за лимит на квалитетот. Мислам дека може да се направи нешто повеќе, можеби резултатски ќе бидеме на исто ниво, но да играме поатрактивно.“
Во продолжение прочитајте го интервјуто со Марјан Колев…