Екипата на Јуниор КВ во последното коло од плеј-аут групата во Супер лигата обезбеди победа над Младост од Богданци со 29:25. И двете екипи во следната сезона се селат во понискиот ранг на натпреварување, Прва лига.
Ракометарите на Младост беа подобра екипа во воведниот дел и во текот на 7. минута имаа два гола предност, 4:2. Екипата на Јуниор КВ заостануваше со еден до два гола негатива во првата половина од првиот дел.
Стоилов ги постави највисоките четири гола разлика за екипата на Младост, 10:6, во 18. минута. Ракометарите на Ристо Магдинчев никако не можеа да фатат приклучок и да се вратат во игра. Младост одигра на солидно ниво во завршните десет минути и на полувреме замина со предност од 14:12.
Во второто полувреме, Јуниор КВ преку Мршуља намали на само еден негатива, 15:16. Сепак, пресвртот дојде за неколку минути подоцна кога домашната екипа со голот на Трајчевски го презеде водството за 18:17.
Екипата на Младост падна и физички во последните петнаесетина минути, а домаќините без проблем стигнаа до последните бодови во оваа сезона.