Ракометарите на Вардар остварија лесна победа над големиот ривал Металург во последното коло од суперлигашкиот плеј-оф, 39-27 и со овој триумф и подобар меѓусебен скор со Еурофарм Пелистер, ја освоија 14. титула во Суперлигата.
Металурзи во првата половина од првото полувреме одржуваа резултатска рамнотежа и успеваа да му парираат на “црвено-црниот” тим. Водеа со 8-9, но тука застанаа и му дозволија на ривалот да ја обезбеди победата.
Гостите од Автокоманда не постигнаа гол 14 минути, а спротивно на тоа вардарци реализираа без поголеми проблеми дури 13 пати по ред за 21-9 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.
Калуѓеровиќ се погрижи на полувреме да биде 21-10.
Во второто полувреме шанса за настап добија ракометарите со помала минутажа во двете екипи, но ситуацијата не се промени на теренот. Металурзи на крајот само го ублажија поразот за конечни 39-27.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Талески, Валчак, Дибиров и Георгиевски со по четири погодоци, додека кај Металург се истакна Калуѓеровиќ со девет гола.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА