Натпреварот помеѓу Гевгелија и Стружанка во рамките од 17.коло од Супер лигата во женска конкуренција го доби гостинската екипа од Струга која славеше победа со 19:18. Како што се очекуваше пред самиот натпревар, неизвесноста беше до самиот крај.
Стружанка го отвори натпреварот со 1:0 и имаше водство до 16.минута. Иако екипата предводена од Татјана Бојкова одигра солидни десет минути игра, сепак ракометарките на Стружанка со серија од 4:0 преку Јовичанац, Петреска, Дукоска и Затуроска заминаа со водство од 11:9 на полувреме.
Второто полувреме донесе уште повеќе неизвесност на теренот за разлика од првиот дел. Стружанка се обидуваше да воспостави контрола на водството од еден до два гола разлика, но никако не успеваше да создаде поголемо водство.
На крилјата на домашната ракометарка, Митревска, Гевгелија го израмни резултатот на 18:18. Стружанка го врати водството на 19:18 со голот на Затуроска на четири минути до крајот, пред да има по неколку промашени напади на двете страни. Сепак, во последните секунди Драгица Митрова промаши пенал за нерешен резултат.
Со победата над Гевгелија, ракометарките на Стружанка остануваат во борба за пласман меѓу петте најдобри екипи на табелата.