Куманово рутински до победа и против Овче Поле СУ

Екипата на Куманово продолжува со доминацијата во Женската лига, а во 16. коло имаше сигурно издание на гостувањето кај Овче Поле СУ и оствари лесна и убедлива победа од 41:23.

Водечкиот тим на табелата ја оствари 15. победа и се зацврсти на врвот. Куманово беше голем фаворит на овој дуел и целосно ја оправда улогата. Гостинскиот тим отвори со 4:1, а Овче Поле СУ добро се држеше до 6:8.

До крајот на првиот дел Куманово целосно доминираше и го контролираше резултатот и на полувреме имаше водство од 22:11. И во продолжението ракометарките на Краљевски ја продолжија ефикасната игра и до крајот забележаа многу убедлива победа.

До победата Куманово го предводеше Ангела Јанкуловска со девет погодоци, а седум гола постигна Ана Шарановиќ. Во составот на Овче Поле СУ, Марија Анчева беше нјаефикасна со осум гола, додека Елена Вучевска постигна шест.

ОВЧЕ ПОЛЕ – КУМАНОВО 23:41 (11:22)

Сала: Цар Самоил во Свети Николе. Судии: Иван Јовановски и Драган Јовановски. Делегат: Зоран Јовановски.

ОВЧЕ ПОЛЕ: Младеновска, Јовановска, Анчева 8, Вучевска 6, Сентовска, Манева, Конева 2, Костова 2, Стојанова, Павловска 3, Гигова, Ташкова, Стојанова 2, Стоилова, Максимова, Димчева.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 6 мин.

КУМАНОВО: Марковиќ 3, Пецанова 5, Ивановска 2, Боризовска 4, Јовановска, Шарановиќ 7, Јанкуловска 9, Митровиќ, Џакмиќ 2, Димитриевска 1, Цветановска 4, Бечирхоџиќ 2, Паскал, Краљевска 2.

Седмерци: 2/5. Исклучувања: 10 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080