Во дербито на 3. коло од плеј-офот во Супер машката лига, Вардар успеа да го совлада составот на Еурофарм Пелистер со убедливи 35:27 и да им врати на битолчани за двата порази на почетокот на сезоната.
Вардар имаше контрола во текот на целата средба. После почетните 3:3 дојде до 3:0 и овие плус три дадоа шанса за контрола на средбата. Сепак, не одеше сè според планот бидејќи при 7:4 гостите намалија, но не искористија шанса за да израмнат. Оттаму брзо беше вратна разликата три гола, а потоа беа обезбедени највисоките плус шест, 13:7.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не се предадоа и успеаја да намалат. Имаа 4:0, но после 13:11 вардарци се изборија одново за плус четири, а до крајот на првото полувреме водството беше зголемено на пет гола и на одмор беше 17:12.
Второто полувреме донесе комплетна доминација на ракометарите на Вардар кои почнаа да го зголемуваат водството. Гостите не можеа да ја повторат играта од почетните минути на средбата и од делот на натпреварот кога го стопија големото водство. Место тоа Вардар брзо дојде до плус седум и поведе со 21:14.
Ова водство се чуваше без проблеми, а потоа како наближуваше средбата кон крајот стана јаснодека ова ќе биде и убедлива победа. Највисокото водство дојде на осум минути до крајот кога резултатот беше 32:22. Тогаш веќе стана јасно дека ова ќе биде триумф со кој Вардар влегува во огромна предност во меѓусебниот дуел така што црвено-црните сега се поблизу до титулата, но ќе мора да одиграат квалитетно до крајот на сезоната.
Во финишот од средбата гостинските ракометари го ублажија поразот, но и во таква ситуација разликата е преголема за ваков дерби дуел.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА