24 репрезентации ќе се борат за настап на ЕП во Македонија

На Европското ракометно првенство во 2022 година на кое домаќини ќе бидат Македонија, Црна Гора и Словенија ќе настапат вкупно 16 репрезентации.

Од 16 места на располагање ќе бидат 12 места, бидејќи бранителот на титулата Норвешка има директен пласман, како и трите домаќини – Македонија, Црна Гора и Словенија.

Во втората фаза од квалификациите ќе бидат формирани шест групи по четири селекции, а место на ЕП ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од секоја група.

Квалификации ЕП, ждрепка:

шешир 1: Холандија, Русија, Франција, Данска, Шпанија, Шведска
шешир 2: Германија, Романија, Србија, Унгарија, Хрватска, Полска
шешир 3: Чешка, Австрија, Белорусија, Словачка, Швајцарија, Исланд
шешир 4: Турција, Литванија, Украина, плус три победници од претквалификации

Европското првенство во 2022 година ќе започне на 4 ноември, а финалните натпревари се закажани на 20 ноември. Љубљана, Целје, Подгорица и Скопје ќе бидат домаќини на најдобрите репрезентации од Европа.

Долг е патот до ЕП во Македонија – го почнуваат 11 селекции (ФОТО)