Со одигрувањето на 2. коло во Групите 1 и 2 станаа познати три екипи кои в среда ќе играат во четврт-финалето на Светското првенство во Египет.
Репрезентациите на Унгарија и Шпанија во Групата 1, како и Данска од Групата 2 се веќе во елиминациите на овој шампионат и ќе се борат за место во битката за медалите.
Останува неизвeсноста за второто место во Групата 2 каде што Аргентина, Хрватска и Катар имаат и теоретски и практични шанси така што останува да се види како ќе финишираат работите на теренот и што ќе биде прикажано од ракометарите на овие селекции.
Натпреварите од 3. коло од овие две групи се играат в понеделник кога и завршува Групната фаза на Мундијалот.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО
ГРУПА 1
УРУГВАЈ – ШПАНИЈА 23:38 (ИЗВЕШТАЈ)
ПОЛСКА – УНГАРИЈА 26:30 (ИЗВЕШТАЈ)
ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ 31:24 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ГРУПА 2
КАТАР – БАХРЕИН 28:23 (ИЗВЕШТАЈ)
АРГЕНТИНА – ХРВАТСКА 23:19 (ИЗВЕШТАЈ)
ЈАПОНИЈА – ДАНСКА 27:34 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА