„7 на 6“ му се одби на Червар од глава: Аргентина ги понижи европските вицепрваци

Во рамките на второто коло од група 2 во главната фаза на Светското првенство 2021, Хрватска загуби од Аргентина со 19-23 и си ги закомпликува шансите за четвртфинале. Катастрофалниот напад, нелогичните потези на тренерот Червар и играта „седум на шест“ беа причина за изненадувачкиот пораз на Хрватите од Аргентина.

ФОТО: © Jozo Cabraja / kolektiff

Сепак Червар ќе има изговор во стомачниот вирус кој ја погоди неговата селекција, но ова е втор пораз за Хрватска на светските првенства од претставник од Јужна Америка, откако пред две години во втората фаза загубија од Бразил.

Лош почеток за репрезентацијата предводена од Лино Червар им овозможи на Аргентинците да поведат на овој дуел. А на изненадување на хрватските ракометари да достигнат и пет голови разлика (5-0 6.минута). Каубоите успеаа да се вратат во натпреварот со серија голови во средината на првото полувреме се вратија на гол негатива, а во неизвесниот финиш на првиот дел секоја грешка значеше многу на семафорот. Хрватите иако ја вратија неизвесноста на овој дуел, дури во последните секунди од полувремето успеаа да го израмнат резултатот, преку Мамиќ за 12-12.

ФОТО © Jozo Cabraja / kolektiff

Како заврши првиот дел така и продолжи, Мамиќ повторно беше прецизен и го донесе првото водство за Хрватска на овој дуел. Но Аргентинците одговорија со низа од три гола, и ја вратија својата репрезентација на пристојна предност. Разлика од 2-3 гола која ја одржуваа до самиот финиш на натпреварот. Лино Червар се обидуваше да менува во нападот, но ракометарите делуваа летаргично на терен, без вистинска закана за голот на Аргентина, а нелогичната одлука да се игра 7 на 6 во клучните моменти од натпреварот само ја потврдија победата на Аргентина на овој дуел. На пет минути до крај Аргентина имаше разлика од високи пет погодоци 22-17, предност која ја по шеесете одиграни минути изнесуваше „плус четири“ или 23-19.

Аргентина е пред промоција во четвртфиналист заедно со Данска, но за тоа ќе мора да ја победи селекцијата на Катар во последното коло или да навива Данска да ја совлада Хрватска и со нерешен резултат од дуелот со Катар да се пласира во следната фаза.

23 јануари 2021
23 - 19
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
23 јануари 2021 19:11 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2020/2021 23.01.2021 60'

Место

Спортска сала „Стадион Каиро“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АРГЕНТИНА1223Победа
ХРВАТСКА1219Пораз

АРГЕНТИНА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Федерико Гастон Фернандезлево крило03
3Федерико Пизародесен бек04
4Себастијан Симонетцентрален бек03
5Пабло Вајнштајндесен бек00
6Диего Симонетцентрален бек02
7Игнасио Пизаролево крило02
9Сантијаго Баретодесно крило03
11Лукас Москарељопивот21
15Гонзало Кару Марселпивот11
18Гиљермо Фишерлев бек00
19Педро Мартинез Камицентрален бек21
20Рамиро Мартинездесно крило00
22Гастон Алберто Мурињопивот01
40Лионел Карлос Мациелголман01
77Николас Бонанолев бек01
87Хуан Мануел Барголман00
 Вкупно 523

ХРВАТСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Марино Мариќпивот00
5Домагој Дувњакцентрален бек01
12Иван Пешиќголман00
13Златко Хорватдесно крило00
17Јосип Шарацлев бек10
18Игор Карачиќцентрален бек01
26Мануел Штрлеклево крило10
27Иван Чупиќдесно крило07
28Жељко Мусапивот10
30Марко Мамиќлев бек03
31Лука Шебетиќдесен бек03
39Давид Мандиќлево крило02
45Халил Јагањацлев бек01
51Иван Мартиновиќдесен бек10
53Марин Шипиќпивот01
55Марин Шегоголман00
 Вкупно 419

Officials

Судии:
Иван Павичевиќ -Црна Гора
Милош Ражњатовиќ -Црна Гора

ГРУПА II

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
131550010
21153026
3-1151133
4-1351133
5-1951042