Унгарија реши сè сама, обезбеди четврт-финале и ја израдува и Шпанија

Селекцијата на Унгарија обезбеди победа од 30:26 против Полска и во исто време покрај радоста за пласман во четврт-финале ги израдува и европските шампиони бидејќи и тие со овој резултат влегоа во елиминациите.

Унгарија имаше комплетна доминација на средбата против Полска и во ниту еден момент не висеше триумфот на овој дуел така што можеше мирно да се одигра целата средба.

Полска го постигна првиот гол, но брзо прими три, па тука тргна играта во која Унгарците беа тие кои постојано ја диктираа играта. Постојано го зголемуваа водството, а Полјаците колку и да се обидуваа тешко се снаоѓаа со одбраната на противникот. На тој начин имаа шест негатива на одмор. Составот на Шпанија водеше со 16:10 така што остана прашањето како ќе тече дуелот до крај.

Во второто полувреме Унгарците продолжија со контролата на резултатот. На противникот му дозволуваа само да одигра колку што тие сакаат. Секогаш кога Полска ќе се обидеше да се доближи следуваше поцврста и посилна игра и на тој начин се доаѓаше до резултат со кој немаше шанси за пресврт.

На крајот Унгарија дојде до повеќе од заслужена победа од 30:26 и си го завери пласманот во четврт-финалето на коло до крај. Ова значеше и пласман за Шпанија од Групата 1, па ова се првите селекции кои се пласираа во елиминациите. В понеделник во меѓусебен дуел ќе решат кој ќе влезе во четврт-финалето од првото, а кој од второто место.

23 јануари 2021
26 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Крај
23 јануари 2021 19:35 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2020/2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПОЛСКА1026Пораз
УНГАРИЈА1630Победа

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеуш Корнецкиголман00
4Михал Олејничакцентрален бек04
6Пжемислав Крајевскилево крило04
7Патрик Валчакпивот01
9Симон Сичколев бек15
11Мациј Мајжинскидесен бек00
19Јан Чуваралево крило00
20Мациј Пилитовскицентрален бек01
23Аркадиуш Моритодесен бек03
26Михал Дашекдесно крило00
28Мациј Гебалапивот03
30Рафал Пжибилскидесен бек11
36Давид Давиџикпивот00
48Томаш Гебалалев бек14
49Пјотр Чрапковскилев бек00
94Адам Моравскиголман00
 Вкупно 326

УНГАРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Адријан Сипоспивот00
7Бендегуз Бокалево крило02
12Мартон Секељголман00
16Роланд Миклерголман00
17Бенце Наѓлев бек00
20Миклош Ростапивот04
22Стефан Сунајколево крило00
23Доминик Матедесен бек06
25Родригез Алварездесно крило03
27Бенце Банхидипивот23
30Золтан Шиталев бек02
33Габор Анчиндесен бек10
39Рихард Бодолев бек02
47Петер Хорњакдесно крило00
66Мате Лекаицентрален бек08
77Егон Ханушцентрален бек00
 Вкупно 330

Officials

Судии:
Борис Милошевиќ -Хрватска
Матија Губица -Хрватска
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШПАНИЈА54018
2СЛОВЕНИЈА53026
3ПОЛСКА52034
4ЦРНА ГОРА51042
5ИРАН50050