Македонија загуби од Русија со 32-20 во вториот дуел од главната рунда на Светското првенство во Египет.
Бекот Дарко Георгиевски смета дека е тешко да се вратат во натпреварот откако ривалот ќе направи висока предност.
„Честитки за Русија. Како што кажа селекторот, петти меч по ред ги правиме истите грешки. Примаме многу лесни голови од ривалот, а потоа е тешко да се вратиме во натпреварот. Мора да одиграме подобро следниот натпревар“, вели Георгиевски.
За Македонија ќе остане да го одигра уште дуелот со Белорусија в недела.