Репрезентациите на Норвешка и Португалија одиграа исклучително квалитетен натпревар со многу борба и неизвесност. Во ова надигрување поуспешна беше репрезентацијата на Норвешка, која славеше минимално со 29:28.
Почетокот на натпреварот беше максимално израмнет, отвори Норвешка со 1:0 па веднаш Португалија поведе 2:1. Продолжи дуелот со неколку промени на водствто сè до резултат 8:6 кога Норвешка го имаше првата повисока предност од еден гол.
До крајот на првиот дел Норвешка имаше за нијанса подобро издание, успеа да се одлепи на 12:9. Португалците не дозволија и возвратија со серија од три гола со која го вратија израмнетиот резултат. Во последните неколку минути Јондал и Сагосен погодија за водство на Норвешка од 16:14 на полувреме.
Вториот дел продолжи во ист ритам со брза игра, но Норвешка успеа да го одржува водството од првиот дел. Поведе за првпат со четири гола при резултат 22:18. Голманите на двете страни имаа одлични интервенции, особено нововлезениот голман на Португалија, Умберто Гомеш кој со своите одбрани ја врати во игра своајта екипа од минус четири.
Португалија успеа и да поведе со голот на Итураза во 54. минута но не успеа да издржи до крај и да го изнанди фаворитот. Норвежаните одговорија со серија од три гола во последните минути која беше клучна за победата. Гомеш со уште една одбрана во финишот овозжможи на својот тим на има напад за нерешено но не успеаја да реализираат.
Со оваа победа Норвешка ги задржа шансите за пласман во четвртфиналето. И покрај поразот Португалија исто така останува во игра бидејќи во главната фаза пренесе четири бода но во преостанатите два меча против Франција и Швајцарија ќе мора да оди на победа.