Словенците имаа лесна задача против Македонија и ја оправдаа фаворитската улога со триумфот од десет голови разлика, 31-21.
Еден од најзаслужните за оваа победа беше голманот Урбан Лесјак, кој запиша дури 17 интервенции.
„Имавме некои проблеми во првите 15 минути, но потоа ние бевме „шефови“ на теренот. Добра одбрана и лесни голови од контра беше нашиот план пред мечот и го остваривме на крајот“, вели Лесјак.
Словенија ја чекаат уште два тешки меча во главната рунда, против Шведска и против домаќинот Египет.