Словенија ја победи Македонија со 31-21 во првиот дуел од главната рунда на Мундијалот во Египет.
Еден од подобрите во словенечката селекција во вториот дел беше десниот бек од Хановер и соиграч на Кузмановски, Нејце Цехте. Тој вели дека го искористиле фактот што Македонија нема многу играчи за ротација.
„Имавме лош старт, одбраната не ни функционираше. Но кога одигравме добра одбрана во вториот дел, заслужено ситгнавме до триумф. Верувам дека од натпревар во натпревар ќе играме подобро. Знаевме дека Македонија нема многу играчи во ротација и тоа го искористивме. Одиме натпревар по натпревар и се надевам дека ќе славиме и против Шведска“, изјави Цехте.