Репрезентативците на Македонија ги одиграа најдобрите 15 минути на Светското првенство во Египет, но потоа влегоа одново во криза, па на одмор против Словенија има резултат од 9:13. После ваквата игра заслужи да има подобар резултат на крајот од првото полувреме, но ќе треба да се одигра уште поангажирано во продолжение.
Многу подобра игра од почетокот на натпреварот и нешто кое се чекаше од стартот на првенството. Македонија отвори одлично и тргна мотивирано во овој дуел. Дојде до предност, а Лазаров беше одличен егзекутор на ударите од седум метри.
И одбраната беше далеку поангажирана, а Митревски помогна со неколку одлични интервенции, па во 8. минута Македонија имаше 5:3. Откако Словенија намали неколку минути минаа во игра без голови, па се појави и Талески кој после три средби без погодоци постигна два набрзина.
Сепак, на средина од првото полувреме Словенците се консолидираа и израмнија, па во 17. минута дојдоа до првото водство од 8:7. Тука како да почна да се губи чекорот, а Словенија веќе го фати потребниот ритам и многу лесно да го наоѓа патот до голот. Ова резултираше со зголемување на предноста, па oд 9:9, во 25. минута резултатот беше 12:9 во корист на Словенците.
До крајот на првиот дел Македонија не успеа да реализира, па на одмор противникот имаше предност од четири гола и 13:9. Колку беа добри првите 15 минути толку беа лоши последните десет од првото полувреме бидејќи немаше реализација и тоа резултираше со негатива на паузата.
Лазаров и Талески се најефикасни со по три гола. Капитенот сите ги реализираше од седум метри, додека Талески конечно покажа дека не заборавил да шутира од далечина. По еден гол имаат Стоилов, Димитриоски и Кузмановски. Во Словенија пет гола има Драган Гајиќ.