Деветмина македонски репрезентативци знаат како се победува Словенија

Машката репрезентација на Македонија денеска стартува со настапи во втората фаза на Мундијалот во Египет, а прв противник е Словенија.

Последниот официјален натпревар со оваа репрезентација го одигравме на Европското првенсто во Хрватска во 2018 година, и победивме со 25-24, во време кога на клупите седеа Раул Гонзалес и Веселин Вујовиќ.

Од тој состав во денешниот се наоѓаат дури девет ракометари, што е повеќе од половина, додека на спротивната страна исто така има осум играчи што би требало да играат на денешниот натпревар.

Тогаш за Македонија играа триото пикери Стоилов, Пешевски и Маркоски, потоа голманот Митревски, крилото Поповски, како и бековите Талески, Кузмановски, Велковски и Лазаров.

Кај Словенците во составот на мечот во Загреб беа Јанц, Мачковшек, Лесјак, Сухолежник, Благотиншек, Зарабец, Цингесар и Хенигман. Денешниот натпревар меѓу Македонија и Словенија се игра во „Каиро Стадион“, а започнува од 15:30 часот.