Откако доби удар во судир со ракометар на Швајцарија, голманот Весли Пардeн мораше да се врати дома порано од предвиденото.
Со тоа селекторот Гијом Жил остана без искусниот голман, па мораше да повика нов. На местото на Пардeн доаѓа реми Десбон кој е голман на екипата на Ним.
Ова може да биде голем проблем за селекцијата на Франција бидејќи тој беше во најдобра форма од сите кои се најдоа на списокот на селекторот Жил и беше клучен во триумфот над силната Норвешка.
Тој бранеше добро на почетокот на шампионатот, а нема прецизна информација колку време ќе мора да паузира.