Првиот ривал за Македонија во главната фаза од Светското првенство ќе биде селекцијата на Словенија.
Некогашниот предводник на Целје, Загреб, Ал Сад, вели дека единствена сигурнна победа за Словенците е на дуелот со нашата репрезентација.
„Најверојатно, ќе мора да ги добиеме сите три натпревари ако играчите сакаат да се пласираат во четвртфиналето, а тоа беше и целта пред шампионатот. По она што го видов, очекувам сигурна победа над Македонците, а натпреварите против Шведска и Египет ќе ги одлучат патниците во четвртфиналето“, изјави Тамше за словенечкиот „Сиол“.
Македонија ќе игра против Словенија денеска во „Карио Стадион“ со почеток во 15:30 часот.