Машката репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од главната рунда на Мундијалот во Египет.
Ривал на избраниците на Данило Брестовац ќе биде Словенија. Кружниот напаѓач Блаж Благотиншек повикува на внимателност пред средбата со Македонија.
„Имаме одиграно многу натпревари со Македонија во минатото, но имавме големи проблеми и имаме загубени натпревар против нив. Мораме да бидеме сконцентрирани од првата до последната минута и да одиграме најдобро што знаеме, ако сакаме да оствариме нова победа на СП“, изјави Благотиншек.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра денеска од 15:30 часот во „Каиро Стадион“.