Организаторот на играта на репрезентацијата на Унгарија, Мате Лекаи е играчот кој го одбележа последниот ден од првата фаза на Светското првенство. Тој постигна гол во последниот напад при нерешени 28:28 и ги постави конечните 29:28 за Унгарија со што оваа селекција оди со максимални четири бода во втората рунда,
Oд почетокот на натпреварот имаше неизвеснсот и нијанси беа во прашање кој состав ќе биде во предност. Секако таа водството беше минимално во првите неколку минути, а двете селекции се менуваа во предност. Германија водеше со 1:0, па Унгарија со 2:1 и 3:2 пред Германците одново да направат мини пресврт за 4:3.
Тука дојде до мало израмнување на силите, па потоа конечно една селекција направи поголема предност. Унгарците наметнаа свое темпо и успеаја да дојдат до водство од четири гола при 10:6 при серија од 3:0. Потоа се влезе во уште подобар период и предноста дојде и до плус пет, 15:10.
Сепак, тука ракометарите од Унгарија како да застанаа бидејќи до заминувањето на одмор составот на Германија стигна до намалување на високата негатива и дојде до 14:15.
Во вториот дел голманот Роланд Миклер беше клучот за долгото одржување во водство на Унгарија. Неговите интервенции спречија пресврт, но предноста редовнот беше еден или два гола во корист на неговата селекција. Сепак, како наближуваше крајот се забележуваше дека Германија има сили за пресврт.
Јоханес Битер врати со неколку интервенции, па после 4:3 уште во отворањето на дуелот, Германија во 50. минута дојде до ново водство овој пат од 24:23. Тука средбата влезе во игра гол за гол, а најголемите возбудувања почнаа на три минути до крај. Имаше исклучување и на едната и на другата страна, па селекторите се надмудруваа.
На 28:28 Унгарците имаа време за уште еден напад, а после тајм-аутот, Мате Лекаи беше играчот кој презеде одговорност и ја смести топката во голот за победа. За Германците останаа три секунди, но се обидоа да изнудат удар од седум метри, а не добија ништо.
Со тоа Унгарија пренесува четири бода во следната рунда, додека Германците одат само со два бода.