Репрезентацијата на Полска игра во одлична форма на Светското првенство во Египет. Полјаците ја остварија втората победа откако ја совладаа репрезентацијата на Бразил со 33:23 и одат во следната фаза каде што ќе пренесат два бода.
Првото полувреме претежно се играше израмнето, Полска во неколку наврати имаше предност од два или три гола. Сепак Бразилците не се предаваа и успеваа да се вратат во игра од секоја ситуација.
Морито и Гебала со пет, одностно четири гола ја водеа Полска во првото полувреме. Во финишот на првиот дел беше нерешено 11:11, но во послендата минута Полјаците постигнаа два брзи гола за водство од 13:11 на полувреме.
Во второто полувреме една екипа имаше целосна доминација на теренот. Полска во продолжението играше одлично, а Бразилците нама одговор на тоа. Многу брзо беше седум разлика, а до крајот на мечот достигна и највисоки десет гола.
Лангаро беше прв стрелец во составот на Бразил со четири гола, додека Полска до победата ја водеа Морито и Сичко со по шест гола. Во главната фаза Полска ќе пренесе два бода, а репрезентацијата на Бразил еден бод кој го оссвои против Шпанија.