Репрезнтацијата на Хрватска го победи Катар 26:24 во третото коло на Светското првенство и обезбеди пласман во следната рунда во која ќе пренесе три бода со добри шанси за пласман во четвртфиналето.
Селекторот на Хрватска, Лино Червар во финишот на натпреварот кога веќе беше решен победникот повика тајм-аут на кој ги пофали младите играчи кои претходно ги внесе во игра во клучните моменти. Халил Јагањац и Јосип Шарац одговорија на задачите во клучните моменти а Червар им честиташе.
„Сега сите да молчите, никој ништо да не зборува…Така треба момци, така се игра. Вака, момци, вие младите, покажавте мадиња, тоа треба да го имате, ги нема секој. Покажавте дека сте вистинска екипа. Одиграјте фер и коректно до крај, ја одработивте својата задача. Ви честитам, тоа е тоа“, рече Лино на тајм-аутот.
Хрватска во главната фаза за противници ќе ги има репрезентациите на Данска, Јапонија и Аргентина.