По поразите од Данска и Аргентина, селекцијата на Бахреин во последниот и одлучувачки натпревар за влез во втората фаза беше подобара од Конго со резултат 34:27 во рамките од Д групата.
Бахреин добро го започна натпреварот со 4:2 во текот на четвртата минута од натпреварот. Борбените ракометари од Конго со головите на Готие Мвумби и Стивен Корниел имаа водство од два разлика, 7:9 во текот на 16 минута.
Тоа беше се од нивното водство, бидејќи Бахреин ги имаше расположените голмани Хусеин и Шувајк, додека нивната бековската линија беше нерешлива енигма за репрезентативците на Конго. Со добрата одбрана и игра во последните десет минути, Бахреин стигна до два позитива по истекот на 30. минута, 13:11.
Во првата половина од вториот дел ракометарите на Бахреин рутински го одржуваа водството од два голови разлика. Десното крило на Бахреин, Ахмед Фадул во 38.минута зголеми на 20:17 за својата репрезентација. Иако се очекуваше поголем отпор од страна на ракометарите на Конго, сепак селекцијата на Бахреин со солидна партија успеа да ја запише првата победа и да обезбеди влез во втората фаза.