Репрезентацијата на Чиле има предност од еден гол после 30 минути против Македонија од 17:16. Нешто подобро полувреме во однос на претходните средби, но повторно далеку од потребното за да може да се дојде до мирно продолжение на средбата.
Почетокот одново не беше на ниво. Лесно се дозволуваше Чиле да постигнува голови, а Никола Митревски беше виновникот што противникот немаше висока реализација. Бранеше феноменално од почетокот на натпреварот и собираше одбрани, но немаше поддршка од колегите.
Во нападот беше на некое задоволително ниво, но само од Ненад Костески, кој откако упати еден непрецизен лоб удар влезе во серија и на средина од првото полувреме беа неутрализирани двата гола предност на Чиле и беше 7:7.
Минута подоцна Стоилов по вторпат беше исклучен што беше мал проблем за Македонија бидејќи тој има клучна улога во одбраната. Дојдоа нешто подобри моменти, па со 300. погодок на Кире Лазаров на Светските првенства, Македонија поведе со 10:9.
Предноста брзо се загуби. Повторно одбраната делуваше прешироко, премногу простор за да може да се дојде до подобар резултат. Место зачувување на водството составот на Чиле дојде до позитива од два гола со кои влезе во завршните пет минути од средбата.
Имаше одново многу голови, а Македонија никако не успеваше да ја преземе контролата на средбата. Во првиот дел на терен го немаше Талески, а крилата беа тие кои беа во преден план.
Во последните моменти од првиот дел се дојде до 16:17, а Митревски спаси за да не биде одново два разлика, па сосема извесно е дека во второто полувреме ќе биде навистина тешко.
После првото полувреме Костески со пет и Лазаров со три гола се најефикасните во репрезентацијат на Македонија.