Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров денеска го игра 40. натпревар за Македонија на Светските првенства, а вкупно 68. меч на големите натпреварувања сметајќи ги тука и Европските првенства.
Тој веќе го има седмиот Мундијал, а денеска успеа да го запише голот број 300 на Светските шампионати, кој беше од седум метри, така што направи уште еднаш постигнување кое ќе биде навистина тешко да се достигне.
Во Египет Лазаров го постигна десеттиот погодок на Мундијалите, а денеска на истото место го постигна и голот број 300. Овој на некој начин јубилеен гол стигна при реализацијата на вториот гол за него на дуелот против селекцијата на Чиле.
Очекувањата беа тоа да го направи и против Египет во 2. коло, но тогаш постигна три гола и му недостигаа уште два да може да дојде до 300. погодок.